Севилја веќе го губи здивот во битката за водечките две позиции во Ла Лига, па по одличниот старт на сезоната сега во континуитет реди кикс-кикс. Последниот во 19. коло денеска на гостувањето во Билбао каде загуби од Атлетик со 2-0.
Домашните до водство дојдоа со голот на Ињаки Вилијамс уште во 23. минута, а конечните 2-0 ги постави истиот фудбалер во 83. минута…
Севилја по овој пораз остана на 33 бода, сега со седум бода заостанување зад водечката Барселона која има и натпревар помалку.
Standings provided by Sofascore LiveScore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА