Шпанскиот прволигаш Севилја го избра новиот тренер. Тоа е италијанскиот стратег Винченцо Монтела, кој неодамна беше сменет од клупата на Милан. Раководството на Севилја веќе преговара со „росонерите“, очекувајќи Монтела да го раскине се уште актуелниот договор со клубот од „Сан Сиро“.
Шпанскиот клуб пред три дена му даде отказ на Едуардо Берицо, стратегот кој се врати на клупата по медицинскиот третман на канцерот. Монтела пред еден месец доби отказ од Милан, а на неговото место дојде Џенаро Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА