Севилја го осигура и четвртото засилување

Себастијан Корча од Лил е четвртото летно засилување за Севилја. Десниот бек пристигнува за сума од 5 милиони евра, а ќе потпише четиригодишен договор. 26-годишниот Французин ги помина медицинските прегледи, се чека официјално претставување.

Корча е четвртo во серијата засилувања кај андалузискиот тим, по Гвидо Пизаро, Евер Банега и рекордниот трансфер на Луис Муриел, за кои потрошија вкупно 35 милиони евра. Клубот од Шпанија одлично ги искористи средствата од трансферот на Витоло во Атлетико Мадрид.

Наводно, шпанските медиуми велат дека Стеван Јоветиќ ќе биде петтото и последно засилување за Севилја, познато е дека преговорите за Црногорецот се во тек, но Интер засега не сака да ја намали цената.

  

Се вчитува...