Севилја и петти меч во низа не победи во Ла лига (ВИДЕО)

Продолжува очајната форма на Севилја во домашниот шампионат откако вечерва одигра само реми 1-1 на домашен терен против Осасуна во 22. рунда во шпанската Ла лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Ромеро во 24. минута. Конечните 1-1 беа дело на Анте Будимир во 55. минута. За издвојување до крајот на мечот е директниот црвен картон на Сусо кој го доби во 86. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...