Севилја избра нов тренер – Пабло Мачин

Досегашниот тренер на Гранада, Пабло Мачин, е изборот на раководството на Севилја за нов шеф на стручниот штаб на клубот од Андалузија. Зад Севилја е разочарувачка сезона во која на клупата се сменија тројца стратези, но раководството на клубот е убедено дека Мачин ќе ја донесе неопходната стабилност во екипата.

Станува збор за стратег што пред неколку сезони пристигна во Гранада, му помогна на тимот да обезбеди опстанок во втората лига, а потоа го внесе и во елитното друштво. Гранада под водство на Мачин играше храбро и офанзивно во Примера дивизион, што беше значајна препорака за раководството на Севилја да го донесе токму овој стратег на „Санчез Пизхуан“.

Претходно, Севилја за нов спортски директор го избра Хоакин Капарос, кој ја заврши сезонава на клупата, доаѓајќи да помогне во самиот финиш од шампионатот, за сега да добие директорска функција.

Се вчитува...