Стеван Јоветиќ својата кариера ја продолжува во дресот на Севилја, откако шпанскиот прволигаш излезе како победник од трката за негов потпис. За услугите на црногорскиот ас се интересираа неколку клубови од Италија, Јоветиќ одби и мега-понуда од Кина порачувајќи дека сака да се докаже на европската сцена, нешто што му го овозможува трансферот во Севилја.
Сите детали се договорени, тој ќе се пресели во клубот од Андалузија на шестмесечна позајмица, а Севилја следното лето ќе може целосно да го откупи неговиот договор со Интер за сума од 14 милиони евра. Со тоа, Јоветиќ стана крај на неуспешната авантура во Интер, клуб каде Црногорецот не успеа да ги покаже своите квалитети.
Тој ќе може да настапува за Севилја и во Лигата на шампионите, а сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Сампаоли и во Примера дивизион, каде оваа екипа моментно е второпласирана на табелата, зад Реал Мадрид, а пред шампионот Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА