Шпанскиот прволигаш Севилја одлучи комплетно да го откупи договорот на португалскиот напаѓач Андре Силва. Тој постигна осум гола од почетокот на сезоната во Ла Лига, ја врати старата форма од Порто и повторно делува убиствено за противничките голмани. Раководството на Севилја нема да чека и веднаш ќе ја активира клаузулата за откупување на договорот, иако има доволно време тоа да го стори до завршување на едногодишната позајмица.
Андре Силва дојде од Милан, каде имаше очајна сезона. Тој пристигна на „Сан Сиро“ летото 2017 година како големо засилување за 38 милиони евра, но не успеа да се наметне во Серија А. Очигледно дека шпанскиот фудбал многу повеќе му одговара и игра одлично во дресот на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА