Севилја му даде отказ на Монтела и го именува Капарос за нов тренер

Шпанскиот прволигаш Севилја го отпушти Винченцо Монтела од тренерската позиција поради слабите резултати на тимот во Ла Лига. Под водство на Монтела, Севилја не успеа да забележи победа на последните девет меча, и освои само 19 бода на последните 16 натпревари. Раководството на клубот процени дека тоа не е задоволително и го раскина договорот со италијанскиот стратег, а на негово место го именува Хоакин Капарос.

Монтела го замени Едуардо Берицо во декември, но Севилја не успеа да победи ниту еден меч од 13 март, кога го елиминира Манчестер јунајтед во ЛШ. По ова, загуби убедливо (0-5) и во финалето на Купот на Шпанија од Барселона.

Хоакин Капарос беше на чело на Севилја од 2000 до 2005 година и имаше забележливи резултати со овој тим.

 

Се вчитува...