Севилја не може да го победи ни Спортинг Хихон

Резултатската криза на Севилја уште повеќе се продлабочи откако оваа екипа не успеа да слави на домашен терен против Спортинг Хихон, екипа што се наоѓа во зоната за испаѓање од Примера дивизион. Тренерот Сампаоли повторно ротираше дел од играчите, почнувајќи го мечот без Јоветиќ, одлука што се покажа како погрешна бидејќи домаќините делуваа далеку од својот препознатлив ритам.

Во првото полувреме вниманието го привлече судијата, кој најпрвин досуди пенал за Спортинг Хихон, за потоа да ја промени оваа своја одлука. Во вториот дел Јоветиќ, Ибора и Вието влегоа во игра, домаќините се прикажаа во подобро светло, но сепак не успеаја да постигнат погодок што би им ја донел победата.

За Севилја ова беше четврти натпревар во низа во Примера без победа, со што оваа екипа не само што дефинитивно отпадна од трката за титулата, туку сега падна и на четвртата позиција, зад Атлетико Мадрид поради послабата гол-разлика од тимот на Диего Симеоне.

Се вчитува...