Севилја конечно излезе од резултатската криза откако тимот предводен од тренерот Сампаоли вечерва успеа да слави над Ла Коруња со 4-2, прва победа во Примера за андалузискиот клуб по онаа над Атлетик Билбао (1-0) на 2 март годинава.
Фудбалерите на Севилја два пати доаѓаа во водство, преку Јоветиќ и Сарабија, но гостите успеваа да израмнат со двата гола на Какута. Кореа погоди во финишот од полувремето за предност на Севилја од 3-2, за конечните 4-2 во самата завршница од натпреварот да ги постави Бен Једер.
Севилја со оваа победа му се приближи на само еден бод заостанување на Атлетико Мадрид во трката за третото место, кое значи и директен пласман во ЛШ во следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА