Севилја и Баерн играат одличен натпревар на „Санчез Пизхуан“, а резултатот по првото полувреме изнесува 1-1. Домаќините беа поконкретни во своите акции, па први дојдоа во водство преку Сарабија во 32. минута, откако истиот фудбалер промаши зицер десетина минути претходно.
Сепак, радоста на шпанскиот тим не траеше премногу долго, па Баерн израмни со смешен автогол откако по ударот на Рибери топката го закачи Навас и го измами голманот на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА