Фудбалерите на Севилја конечно ја прекинаа серијата на лоши резултати откако вечерва славеа на гостувањето кај Хетафе со 1-3 во натпревар од осминафиналната фаза во шпанскиот „Копа дел реј“.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Серхио Рамос во 8. минута. Домаќините израмнија на 1-1 преку Мата во 23. минута, а со овој резултат се замина на пауза. Во второто полувреме ново водство за Севилја донесе Ромеро во 48. минута, додека конечните 1-3 беа дело на истиот фудбалер во 55. минута.
Getafe 1-[3]Sevilla -Isaac Romero 55’
byu/According_Leather593 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА