Севилја е тим способен да приреди изненадување на секој натпревар, но шансите тоа да се случи на денешниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид значително се намалени ако се земат во предвид проблемите што тренерот Сампаоли ги има со повреди и казни на своите првотимци.
Имено, Рами, Ескудеро, Ибора, Маријано, Насри и Гансо, нема да бидат во можност да настапат против актуелниот европски првак поради повреда, додека Сарабија ќе го пропушти мечот во Мадрид поради суспензија.
Во една таква ситуација Сампаоли е принуден во составот да вклучи и неколку младински играчи, дефанзивецот Диего Гонзалез и напаѓачот Мена.
Севилја на првиот овосезонски дуел го совлада Реал Мадрид со гол во судиското продолжение, но јасно е дека овојпат избраниците на Сампаоли ќе имаат уште потешка задача, особено ако се знае дека за „кралевите“ ова е многу значаен дуел во битката за шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА