Севилја прокоцка пресврт, Валенсија утна пенал во 101. минута (ВИДЕО)

Севилја и Валенсија одиграа нерешено 1-1 во драматичен и возбудлив натпревар. „Лилјаците“ најпрво имаа водство, потоа се спасуваа и од пораз, за на крај од пенал да ги озвојат трите бода.   Кавани уште во 6. минута донесе водство за гостите.

Севилја долго го бараше патот кон голот, а Валенсија пропушти неколку шанси за 0-2. Во 86. минута Ламела израмни, по еден изведен корнер и грешка на одбраната на гостите. Севилја преку Мир и Гомез пропушти шанси и за водство, а потоа следуваше пенал за Валенсија по прегледување на ВАР.

Најпрво Гомез доби црвен картон и досуден слободен удар, но по интервенција на ВАР, досуден пенал за Валенсија и црвен картон за друг играч. Сепак, Гаја шутираше пенал во 101 минута, а Боно го одбрани и така донесе бод за својата екипа.

Се вчитува...