Севилја, прв полуфиналист во Копа дел реј

Севилја е првиот полуфиналист во шпанскиот Копа дел реј откако клубот од Андалузија вечерва славеше со 0-1 на гостувањето против Алмерија.

Избраниците на тренерот Лопетеги одиграа вообичаено цврсто во одбраната, па за пласман во следната фаза им беше доволен само еден погодок, оној што го постигна Окампос кон средината на второто полувреме.

Во преостанатите три четвртфинални пресметки се среќаваат Леванте – Вилјареал, Гранада – Барселона и Бетис – Атлетик Билбао.

Се вчитува...