Севилја не успеа да си го зачува врвот во Ла Лига и по 14. коло од шампионатот, откако ремизираше (1-1) на гостувањето против Алавеш.
Домашните дојдоа до водство со голот на Родригез Менандез во 37. минута…
Севилја во вториот дел се обиде да дојде до пресврт, но единствено што успеа е да дојде до реми благодарение на голот на Бен Једер во 78. минута од натпреварот.
Сега Севилја со 27 бода е на втората позиција на табелата, еден помалку од водечката Барселона која се врати на врвот по денешниот триумф против Вилјареал од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА