Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Келечи Ихеаначо сега е играч на Севиља . Шпанскиот клуб го објави договорот објавувајќи фотографија од 27-годишниот Нигериец на социјалните мрежи.
Тој доаѓа како слободен агент, откако му истече договорот со Лестер, за кој настапуваше во последните седум години. Нигериецот забележа 232 настапи за „лисиците“, постигнувајќи 61 гол и 34 асистенции.
Ихеаначо доаѓа во Севилја како замена за Јусеф Ен-Несири, кој се пресели во Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА