Севилја забележа нова значајна победа со која повеќекратниот освојувач на Лигата на Европа побегна од дното на табелата. „Црвено-белите“ денеска за противник го имаа Реал Сосиедад, заслужено триумфирајќи со 3-2 за трета победа во последните пет кола и искачување на 14. место на табелата.
Пресуден се покажа почетокот на натпреварот на „Санчез Пизхуан“, кога Ен Несири блесна и со два гола во 11. и во 13. минута донесе огромно водство за Севилја.
Реал Сосиедад намали на 2-1 со пеналот на Силва, а додека гостите се обидуваа да стигнат до израмнување Севилја ја запечати победата со голот на Серхио Рамос. Тимот од Сан Себастијан во судиското продолжение успеа само да го ублажи поразот преку Мендез во 92. минута, но немаше време за целосен камбек.
Гостите дефинитивно се наоѓаат во криза, имаат само една победа во последните шест кола, пред неколку дена загубија во полуфиналето од Копа дел реј од Мајорка, а се наоѓаат пред елиминација и од Лигата на Шампионите каде за ривал го имаат ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

