Рајо Валекано и Столе Димитириевски го претрпеа деветтиот пораз во шпанското првенство откако во 23. коло на домашен терен загубија со 1-2 од Севилја.
Ен Несири го отвори натпреварот во 19. минута, но гостите водеа само 10. минути пред Палазон да изедначи на 1-1. Сепак до полувремето Ен Несири успеа да го постигне и својот втор гол совладувајќи го Димитриевски во 45. минута за конечните 1-2.
Мароканецот имаше шанса да стигне и до хет-трик, но во истиот го сречи македонскиот голман кој му одбрани сто отстотна шанса.
What a save from Stole Dimitrievski to deny Youssef En Nesyri from his hattrick. 🧤🇲🇰pic.twitter.com/IjMPxFvyB2
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) February 5, 2024
Рајо Валекано и покрај поразот останува на 13. позиција на табелата со 24 осовени бодови, додека Севилја и понатаму е на 15. позиција на табелата со 20 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

