Сезоната од соништа за Иско без среќен крај

Шпанскиот фудбалер Иско имаше сезона од сништата. Настапувајќи за Реал Бетис играчот од средниот ред постигна осум голови и пет асистенции на вкупно 29 натпревари во Ла Лига притоа добивајќи го признанието за најдобар фудбалер на натпреварот за 19 средби.

Добрите настапи на поранешниот ас на Реал Мадрид се очекуваше да му го вратат и местото во репрезентација на Шпанија за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија, но 32-годишникот сепак нема да се најде на списокот на селекторот Луис де ла Фуенте.

Причина за тоа е новостекнатата повреда на натпреварот помеѓу Реал Бетис и Лас Палмас. Иско заработи повреда на фибулата која ќе го оддалечи од теренот неколку месеци, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанија на собирот на најдобрите фудбалски репрезентации на континентот во групната фаза ќе се сретне со Хрватска, Италија и Албанија.

Се вчитува...