Сезоната во Првата лига би можела да заврши и со плеј-оф разигрување

На денешниот видео-состанок УЕФА одлучи да се даде препорака до националните федерации сите првенства да се завршат до 3. август, по што ќе се планира и завршницата од европските клупски натпреварувања.

Доколку не е можно сезоната да се заврши до 3. август, УЕФА е подготвена да се прилагоди и на резервни опции како што се плеј-оф и плеј-аут разигрувања за титулата односно опстанок во лигите.

УЕФА, исто така, соопшти и дека доколку некоја од лигите не се завршат тогаш во европските натпреварувања следната сезона ќе играат екипите согласно актуелниот распоред на табелата.

 

Се вчитува...