Регуларниот дел од НБА лигата во сезоната 2022/23 привлече повеќе од 22 милиони гледачи во салите во САД и Канада. Тоа е нов рекорд на посетеност за најдобрата кошаркарска лига во светот.
Според официјалните податоци на НБА, регуларниот дел од сезоната кој заврши во неделата го следеле точно 22.234.502 луѓе. Претходниот рекорд од 22.124.559 гледачи беше од сезоната 2017/18.
Просечната посетеност за прв пат надмина 18.000 гледачи по натпревар (18.077), што е неверојатни 97 проценти од капацитетот на салите. Лигата објави дека се распродадени 791 натпревар, поставувајќи исто така нов рекорд (760 натпревари во сезоната 2018-19).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

