Сезонските билети на Еурофарм Пелистер за Лигата на Европа чинат 1.000 денари

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер од утре (9 октомври) ќе ги пушти во предпродажба сезонските билети за домашните натпревари од групната фаза од Лигата на Европа.

Битолчани ќе одиграат пет средби во салата „Боро Чурлевски“, а цената на сезонскиот билет за овие натпревари изнесува 1.000 денари.

Претпродажбата по оваа цена ќе се одвива во наредните седум дена, а билети ќе можат да се купат на следните продажни места:

– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за подигнување на билети имаат љубителите на ракометот со:
– вакцинален сертификат
– потврда за примена најмалку прва вакцина
– потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин

Домашни натпревари во ЕХФ Лига Европа на Еурофарм Пелистер во групната фаза:

19.10.2021 – Еурофарм Пелистер – Ним
23.11.2021 – Еурофарм Пелистер – Татабања
07.12.2021 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
22.02.2022 – Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
08.03.2022 – Еурофарм Пелистер – АЕК Атина

Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот петок (15 октомври).

Се вчитува...