Управата на РК Вардар почнува со продажба на сезонските билети за престојните домашни натпревари што „црвено-црните“ ќе ги играат како во Лигата на шампионите, така и во СЕХА-лигата.
Вообичено, „црвено-црните“ во продажба прво ги пуштаат сезонските билети, кои фановите ќе можат да ги набават во периодот од 6 август до 31 август.
„Ќе почнеме со приоритетна продаба на сезонските билети, што ќе биде во периодот од 6 до 19 август. Со тоа останува можноста да се купат истите места што сте ги имале лани. За приоритетната продажба потребно е да се приложи пластичниот сезонски билет од ланската сезона, и ќе биде можно купување, односно задржување само на местото што и лани сте го имале. Приоритетната продажба на сезонски билети ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден“ – информираат од РК Вардар.
Цената ќе биде идентична како и за претходните сезони, и тоа:
– 2.200 денари за трибински простор
– 2.550 денари за А блоковите
1. Приоритетна продажба на сезонски билети
* 06.08.2018 – 19.08.2018
Сите кои имале купено сезонски билет лани можат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” да ги заменат старите сезонски билети со сезонски билети за новата сезона. Потребно е приложување на стариот сезонски билет. Во приоритетната продажба ќе може да се купи само истото место што го имале изминатата сезона. Приоритетната продажба на сезонски билети ќе се врши единствено на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден.
Останува да се види колкава ќе биде посетата на домашните натпревари на Вардар сезонава, со оглед на значителното ослабување на играчкиот кадар и заминувањето на голем дел од клучните играчи од претходните години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА