Последните трансфер вести поврзани со враќањето на Филип Петрушев во Црвена Звезда предизвикаа бес кај тренерот Јанис Сферопулос.
Грчкиот стратег дрско одговори на гласините велејќи дека во моментот кога неговиот тим е со перфектен скор по три одиграни кола во Евролигата се оттргнува вниманието на работи кои можат да донесат немир во тимот.
„Го почитувам новинарството, но за жал имаме одредени лица кои шират лаги кога сме на скор од 3-0. Фала му на Бога што го прават тоа само одредени лица и не може поради нив да ја потцениме професијата. Не сакаме да доведеме ниту еден друг кошаркар“, изјави Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА