Црвена Звезда го одбрани домашниот терен во првиот финален натпревар во АБА лигата славејќи со 85-82 против Партизан во драматична завршница во која пресудија слободните фрлања.
Tренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос по мечот изјави дека биле под голем притисок.
„Првиот натпревар е секогаш исклучително тежок за тимот кој има предност на домашен терен. Се гледаше дека бевме под притисок, дека имаше нервоза во тимот. На следниот натпревар треба да ги подобриме добрите работи и да ги намалиме грешките кои беа направени. Ја остваривме целта, стигнавме до првата победа во финалната серија, малите детали го решија прашањето за победникот во меч кој беше на врвно ниво. Покажавме карактер, особено во самата завршница, кога шест минути не му дозволивме на ривалот да постигне поени од игра. Водиме со 1-0 во серијата, но ништо не е готово, продолжуваме да се бориме, имаме уште многу работа“, изјави Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА