Партизан конечно ја прекина серијата порази од Црвена Звезда во АБА-лигата откако „црно-белите“ славеа во дерби дуелот со 95-77.
Црвена Звезда имаше 11 победи на последните 12 дуели со Партизан, но „црно-белите“ синоќа беа на висина на задачата и заслужено стигнаа до триумф. Тренерот на Звезда, Јанис Сферопулос му честиташе на големиот ривал.
„Дербито секогаш е тежок меч. Го контролиравме натпреварот, но тие пет минути дефанзивно во третиот период не чинеа пораз. Партизан ја презема иницијативата, а ние не можевме да се вратиме. Му честитам на Партизан на победата“, изјави Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

