Сферопулос: Фановите нека не летаат во облаци, далеку сме од Абу Даби

Шансите Црвена Звезда да се најде во плеј-офот на Евролигата паднаа по последниот пораз од Олимпија Милано, еден од директните конкурнети за една од првите 10 позиции на табелата кој во Белград славеше во драматична завршница со 80-82.

„Црвено-белите“ беа на добар пат да изборат и директно учество во плеј-офот, но сега се наоѓаат во серија на лоши натпревари па грчкиот стратег Јанис Сферопулос мораше да ги намали очекувањата на фановите.

„Збориме за Абу Даби, а немаме победено ниту во еден плеј-оф натпревар. Мораме да одиме чекор по чекор. Се обидуваме да изградиме нешто. Никогаш не сме биле на Ф4 па така и очекувањата дека ќе биде во Абу Даби се нереалистични. И јас сакам да бидам возач на Формула 1… Сите имаме соништа, сакаме да бидеме таму, но имаме уште пет натпревари до крај. Мораме да се бориме за место во плеј-офот“, изјави Сферопулос.

Се вчитува...