Тренерот на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос не можеше да се воздржи синоќа по победата на тимот над Макаби ТЛ во Евролигата, па на прес-конференцијата ја отвори душата искажувајќи незадоволство од начинот на кој се пишува во медиумите за игрите на црвено-белите.
Црвена Звезда во моментов со девет победи и осум порази е во плеј-ин зоната на табелата во Евролигата.
„Освен во третата четвртина имавме навистина добар натпревар, поради што сум навистина среќен и задоволен. Во Евролигата нема лесни натпревари, и тоа некои мора да го разберат“ – рече Сферопулос и дополни:
„Мислам дека мора да бидеме повеќе горди на овој тим. Се бориме на секој меч, победуваме и губиме, но се бориме. Погледнете ги резултатите на другите тимови и ќе разберете за што зборувам“.
Тренерот на Црвена Звезда е зачуден како може некои да не се задоволни што се случува во моментов.
„Можеби навивачите имаат поголеми очекувања, но ние не сме плеј-оф тим. Мора да разбереме кој тим сме. Но, секако се трудиме да се изградиме најдобро што можеме. Па, луѓе, зад нас се Барселона и Реал Мадрид. Што сакате повеќе од нас? Не ме интересира мислењето на лицата кои не го сакаат клубот. Ако не сум доволно добар, најмал проблем е да си одам. Оставете не да работиме. Не сме најдобриот тим на светот, но ако се бориме, можеме да го победиме секого. Ова е Евролига. Имаме 9-8 и има луѓе кои не се задоволни. Навистина не разбирам“ – вели Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА