Грчкиот тренер Јанис Сферопулос ќе потпише нов договор со Црвена звезда. Како што дознава сајтот Меридијан Спорт, Гркот ќе потпише нов договор со кој ќе се обврзе на верност кон црвено-белите до 2027 година.
Сферопулос оваа сезона одлично си ја врши работата со црвено-белите, особено во Евролигата, каде по 19. коло Звезда има учинок од 11 победи и осум порази и моментално е на шестото место кое води директно во плеј-офот.
Кога станува збор за АБА-лигата, Гркот по нешто полошиот старт успеа да го стабилизира тимот и да влезе во серија на победи која се уште трае. Црвена звезда минатата сезона со Сферопулос на клупата успеа да освои три трофеи во АБА-лигата, Купот Радивој Корач и Суперкупот на КЛС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА