Тренерите на Партизан и Црвена Звезда, Жељко Обрадовиќ и Јанис Сферопулос имаа пријатен разговор на пресконференцијата за медиуми на најавувањето на престојниот Куп на Србија „Радивој Корач“, а заедничката слика стана топ тема на разговор во соседна Србија.
Денеска на оваа тема говореше и грчкиот стратег кој испрати порака дека колку и да го цени ривалството на двата најголеми српски тимови, луѓето мораат да сфатат дека тоа е само спорт и дека во животот има и поважни работи.
„Слушајте, пред се знам колку се важни натпреварите помеѓу Црвена Звезда и Партизан. Постои долга историја на овие два клуба кои ја претставуваат српската кошарка со години. Но, најважната работа е дека пред се сме луѓе. Навивачите на двата тимови мораат да сфатат дека ова е само спорт и постојат поважни работи во животот. Да, јас сакам мојот тим да победи, а тој сака да победи неговиот, но на крајот на денот потребно е да бидеме цивилизирани, а не да промовираме насилство. Нека во нас другите гледаат пример за тоа како треба да биде“, изјави Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА