Сагата за заминувањето на Шабан Нејпир од редовите на Црвена Звезда продолжи и денеска на отворениот тренинг на белградскиот евролигаш пред натпреварот против Макаби Тел Авив.
Искусниот 32-годишен Американец не беше дел од тимот во вчерашниот натпревар против Реал Мадрид, а тренерот Јоанис Сферопулос како причина за тоа ја наведе желбата на големото летно засилување да замине од тимот. Сепак Нејпир не остана должен, му порача на грчкиот стратег да „ја говори вистината пред камерите“ преку социјалната мрежа „Инстаграм“, нешто што Гркот воопшто не го интересира.
„Не видов што пишал Нејпир. Не ги следам социјалните мрежи. Имам само Твитер каде оставам коментари. Во секој случај не морам да кажам ништо повеќе отколку тоа што го кажав на конференцијата за медиуми“, изјави Сферопулос инсистирајќи фокусот да биде на следниот предизвик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА