Грчкиот стратег на клупата на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос во продолжението од сезоната нема да смета на услугите на крилниот центар Далибор Илиќ кој заминува на позајмица во Спартак, објавија српските медиуми.
Дваесетичетиригодишниот Србин пристигна во редовите на белградскиот евролигаш пред две сезони по добрите настапи за Игокеа, но не успеа да се наметне во составот на Гркот.
Добар настап за Спартак воедно ќе биде и последна можност за Илиќ да ја задолжи „црвено-белата“ опрема и следната сезона со оглед на тоа што неговиот договор истекува во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА