Црвена Звезда во повеќе од драматичен меч, буквално во последната секунда дојде до победа над Партизан во 24. коло до Евролигата реванширајќи им се на црно-белите за претходниот пораз во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Тренерот на Црвенаа Звезда, Јанис Сферопулос очекувано задоволен по синоќешната победа од 71-73.
„Сакам да им честитам на нашите играчи за оваа голема победа. Ова не беше лесен натпревар за двата тима. Но, верувавме пред натпреварот дека можеме да направиме нешто повеќе. Мислам дека начинот на кој се боревме, и тоа што ја контролиравме играта во поголемиот дел од натпреварот ни донесе победа. Партизан има квалитет. Не ни дозволија да дојдеме до големо водство, но успеавме. Пресуди желбата за победа, повеќето од 50-50 топки завршија во наши раце. Играчите покажаа како се бори за триумф. Затоа им честитам. Голема победа, но ова е само една победа. Има уште 10 натпревари, па да дојдеме до целта. Мора да продолжиме во ист стил, како на овој дуел со Партизан така ќе одиме до крајот на сезоната. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои беа тука и што не поддржаа. Мислам дека денеска им пруживме среќни моменти“ – вели Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА