Црвена Звезда триумфираше против Басконија со 73-75 во драматичен трилер-меч во кој Ајзеа Кенан со поените на три секунди пред крајот донесе победа за црвено-белите.
По мечот задоволен беше тренерот на Ц. Звезда, Јанис Сферопулос…
„Честитки за играчите. Не е лесно да се победи овде. Ја контролиравме играта во најголем дел, но Басконија упати неколку тешки удари во последните пет минути. Тие се вратија во игра, но ние покажавме карактер, не паника и донесовме добри одлуки во последните две-три минути, секако, и го добивме натпреварот“ – истакна Сферопулос, притоа додавајќи:
„Басконија имаше само 13 асистенции, одбраната ни беше одлична. Провоциравме удари еден на еден, ги извадивме од шутерскиот ритам. Имавме и добри одлуки во нападот, како онаа на Кенан во последниот напад и заслужено победивме“.
Но, едно прашање на прес-конференцијата кое се однесуваше на тајм-аутот на крајот од натпреварот и тоа како го налути тренерот на Црвена Звезда. По Пабло Ласо, на три и пол секунди до крајот, и Сферопулос реши да реагира.
„Изненаден сум од ова прашање. Пабло Ласо ми е добар пријател. Тоа е прашање на тактика. Зошто е навредливо? Тоа е неразбирање на кошарката. Ова прашање ме навредува“ – изјави Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА