Јанис Сферопулос имаше извонредни резултати како тренер на Црвена Звезда во пресметките со Партизан, но грчкиот стратег не ја крие почитта што ја има кон големиот ривал Жељко Обрадовиќ.
Сферопулос по одличната сезона се врати назад во татковината, по што говореше за освоените трофеи со „црвено-белите“, осврнувајќи се и на проблемит со кои се соочуваше.
„Во финалето од српското првенство имавме само десет здрави фудбалери. Не бевме добри во Евролигата, не ни се допадна како изгледавме на крајот од европската сезона. Потоа се фокусиравме на трофеите на домашната сцена, го освоивме купот на Србија на неутрелаен терен, но победата во АБА, со максимални 3-0 во финалето против Партизан, беше врв на вложениот труд на сите во клубот, пред се на играчите. Не ми се допадна како заврши сезоната во српското првенство, јас секогаш сакам да победувам на терен, не надвор од него, но тоа не беше моја одлука. Годината е завршена позитивно, но со голем акцент дека во наредната ќе мораме да бидеме многу подобри во Евролигата“, изјави Сферопулос.
Потоа, тој се осврна на Жељко Обрадовиќ, не криејќи колку високо мислење има за стратегот на Партизан.
„Не гледам бројки, тоа не ме интересира. За мене Жељко е најдобриот тренер на сите времиња, го има докажано тоа со освојувањето на титули со различни тимови. Тоа не е нималку лесно, освен ако не си – најдобар во својот занает. Нашите победи над Партизан ми значат уште повеќе бидејќи се соочувавме со сериозни проблеми, секој меч беше посебен, но ние успевавме да најдеме начин да победиме“, истакнува тренерот на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА