Шабан Трстена ги подели петте нови „оскари“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Спортистот на 20.век во Македонија и олимписки првак Шабан Трстена ги додели „Златните олимписки оскари“ за оваа година. Тој традиционално доделува признанија за личности кои биле значаен дел од неговата блескава спортска кариера.

Оваа година наградите заминаа во рацете на долгогодишниот претседател на Сојузот на спортови, Ѓорѓи Кузмановски, долгогодишниот спортски новинар Антон Серечи, поранешниот Главен и одговорен уредник на единствениот спортски магазин „Скок“, Мирослав Наумоски, уредничката на МТВ 2, Мигена Горенци и на почесниот претседател на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец.

 

Се вчитува...