Фудбалската репрезентација на Македонија денеска за гостин во својата хотелска база го имаше златниот олимпиец Шабан Трстена. Великанот на македонскиот спорт со многу жар и збогатено со безброј мали анегдоти ја раскажа својата животна и спортска приказна пред фудбалерите, како мотивација за предизвиците кои им следуваат.
Исто така, Трстена им даде подароци на селекторот Милевски и на фудбалерите, изданија од својата монографија со наслов „Патот на олимпискиот шампион“.
Македонската репрезентација утре тргнува на пат за Рим, каде в петок ќе излезе на мегдан со Италија во рамките од квалификациите за ЕП 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА