Два дена ја делат Македонија од историскиот настап на Европското првенство, дуел во кој избраниците на Игор Ангеловски силите ќе си ги одмерат против репрезентацијата на Австрија.
Како дел од одбројувањето до ЕП, гостин на ФФМ во „Одиме на Европско“ беше легендарниот Шабан Трстена кој упати моќна порака до нашите репрезентативци.
„Имаме златни момци кои за првпат обезбедија пласман на Европско првенство. Тие веќе испишаа историја. Во животот многупати сум бил во улога на аутсајдер, но тоа ми давало дополнителен мотив и сила за резултатите кои сум ги постигнал“, рече Трстена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА