Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим и Лум се пофали со своето ново засилување. Се работи за младинскиот репрезентативец на Македонија Шабан Зенку.
Зенку игра на позиција офанзивен играч за врска, а Струга ќе биде прв негов клуб во македонскиот шампионат. Тој претходно настапуваше во голем број германски клубови меѓу кои најпозната е Борусија Менехенгладбах, каде беше дел од младинските категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА