Струга Трим Лум утре против Силекс, ќе брка пласман во своето прво историско финале на Купот на Македонија. Стружани оваа сезона има можност да ја направат историска, со оглед дека се во добра позиција и во првенството да дојдат до шампионската титула.
Играчот на Струга, Буњамин Шабани вели дека без разлика против кој противник и да игра, Струга оди на победа.
„Не чека натпревар во полуфинале, и нема да биде лесен без разлика кој тим ни е противник. Респект за Силекс, но ова е само еден меч и мораме да бидеме внимателни. Со максимален пристап на сите фудбалери, верувам дека можеме да дојдеме до финале на Купот. Исто така ги поканувам навивачите да дојдат во што поголем број за да не поддржат на оваа средба и потоа во финалето да можеме да се бориме за трофејот“, рече Буњамин Шабани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА