Фудбалерите на Струга ТЛ, по елиминацијата од литвански Жилгирс на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите, сега го продолжуваат својот пат во 2. коло од Конференциската лига каде во првиот натпревар во среда во Охрид ги очекува црногорскиот Будуќност.
Капитенот на тимот, Буњамин Шабани жали за болната елиминација од Жалгирис, но верува дека Струга ТЛ ќе собере сили да го елиминира Будуќност и да го продолжи европскиот пат ова лето.
„Одигравме добри натпревари против Жалгирис на двата меча, но нивното искуство и среќата што постигнаа два брзи гола за неколку минути пресуди. Наше е да учиме од ваквите дуели, бидејќи во фудбалот понекогаш и мали моменти го решаваат натпреварот. Сега сме фокусирани на двомечот со Будуќност кој е шампион на Црна Гора. Во Европа нема лесни натпревари, сепак, верувам дека сме максимално подготвени за овие соочувања против нив и покрај проблемите што ги имаат во тимот“ – вели Шабани, и дополнува:
„Мора да дадеме се од себе на овие два меча, а потоа да се надеваме на подолга европска авантура. Желбатае да останеме што подолго на европската сцена ова лето“.
Струга ТЛ првиот меч против Будуќност ќе го игра во среда, 26. јули, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА