Актуелниот шампион Струга Трим и Лум утре ќе го пречека Работнички во натпревар од 8. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Капитенот на стружани Буњамин Шабани го респектира противникот за кој вели дека има многу квалитетен тим, но Струга Трим Лум како шампионски тим ќе бара максимални бодови на секој натпревар.
„Нормално победата во Штип беше важна, по натпреварите во Европа беше многу важно да се фокусираме на првенството. Сега се надеваме во Струга да ја продолжиме серијата победи иако знаеме дека нема да биде лесно против тим како Работнички. Имаат квалитетен тим, но ветуваме дека ќе го дадеме максимумот и на овој натпревар и на следните натпревари, за да дојдеме до максималниот број бодови и повторно да се бориме за титулата шампион“ , изјави Шабани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

