„Шах-мат“ за само две минути: Милан ја реши Џенова

Милан влезе во победничка низа во Серија А откако во 35. коло славеше на гостински терен кај Џенова со 1-2 во натпревар во кој стигна до пресврт за само две минути.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Витиња со гол во 61. минута донесе предност за домашниот тим. Предноста Џенова ја задржа само до 76. минута кога Леао изедначи на 1-1, а минута подоцна Милан стигна и до целосен пресврт со автоголот на Френдруп.

 

Се вчитува...