Македонската машка шаховска репрезентација ја запиша и третата победа на 43. Олимпијада во Батуми, Грузија.
Во 4. коло Македонија убедливо со 3,5-0,5 ја победи селекцијата на Уругвај, по што сега сме со 6 бода (три победи и еден пораз) по првите четири натпревари. Против Уругвајците единствено ремизираше ВМ Кирил Георгиев на првата табла, а победија ИМ Филип Панчевски, ВМ Трајко Недев и ИМ Никола Николовски.
Дамите, пак, го запишаа и третиот пораз во Батуми, овој пат со 1,5-2,5 од селекцијата на Бразил.
Единствената победа ја запиша Катерина Петровска на четвртата табла која славеше против ЖФМ Сузана Чанг (2037). Ремизираше Коскоска на втората табла, а загубија Бејатовиќ и Николовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА