Шахистите извонредни на Олимпијадата во Будимпешта: По шест кола на 25. место од 197 земји

Македонските шахисти бележат извонредни настапи на 45. Шаховска олимпијада која се одржува во Будимпешта, Унгарија, со учество на 197 земји.

По шест одиграни кола, Македонија е на одличното 25. место со четири победи и два порази низ досегашниот тек од Олимпијадата. Во 6. коло македонските шахисти славеа убедливо со 4-0 против селекцијата на Хонг Конг.

Во седмата рунда натпревари Македонија ја очекува пресметката со селекцијата на Швајцарија.

Македонија во Будимпешта игра во состав ВМ Евгени Романов, ИМ Тони Лазов, ИМ Никола Николовски, ИМ Емил Ристески и ФМ Златко Антов.

Женската репрезентација, пак, во 6. коло ремизираше (2-2) со репрезентацијата на Киргистан. Настапува во состав ЖФМ Моника Стојковска, Ивана Манова, Сања Трајковска,Моника Жежовска и Леа Ефтовска.

Жените по шест кола со шест бода (две победи, две нерешени и два порази) се на 86. место од 170 селекции учеснички. Во 7. коло жените играат со Тринидад и Тобаго.

Се вчитува...