Шахистите на Алкалоид ја запишаа и четвртата победа на Европскиот куп кој се игра во Анталија, Турција, славејќи убедливо со 5,5-0,5 против Падова во петтата рунда натпревари.
Без поголеми проблеми „фармацевтите“ стигнаа до новиот триумф во мечот во кој единствено ремизираше Дмитриј Јаковенко на петтата табла. Поединечните победи ги запишаа Лирен Динг, Павел Елјанов, Дмитриј Андрејкин, Ју Јангжи и Јури Криворучко.
Шахистите на Гамбит, пак, го забележаа и вториот пораз, овој пат од Баја Маре со 1-5.
По 5. коло, Алкалоид до 8 бода е на делба на третата позиција, додека Гамбит со 6 бода е на делба од 9. до 17. место меѓу 36 екипи колку што учествуваат на Купот на шампионите.
Денеска од 15 часот во 6. коло, Алкалоид го игра можеби и клучниот меч во битката за одбрана на титулата против прворангираниот тим на Купот, ШК Глобус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА