Шахистите завршија на 48. место, дамите на 70. место на Олимпијадата во Батуми

Македонските шахисти завршија на 48. место во конкуренција на 185 национални селекции на 43. Олимпијада која се одржуваше во Батуми, Грузија.

Македонија (43-то рангирана според рејтингот) на крајот со 13 бода (пет победи, три ремија и три порази) заврши на делба на 39. место, или 48. место според индивидуалните поени. Во денешното последно 11. коло на Олимпијадата, шахистите ремизираа (2-2) со селекцијата на Турција.

На крајот, во драматично последно коло, златото го освои Кина пред САД и Русија.

Дамите, пак, со 11 освоени бода (пет победи, едно реми и пет порази) на крајот завршија на 70. место во конкуренција на 150 национални селекции. Во денешното последно коло девојките загубија од Индонезија со 1,5-2,5.

И во женска конкуренција до златниот медал стигна Кина пред Украина и Грузија.

Се вчитува...