Шахтјор Доњецк пресилен за „лавовите“… (ВИДЕО)

Македонија ЃП загуби со 2-0 од моќниот Шахтјор Доњецк на пријателскиот натпревар во Анталија.

Украинците кои настапија во голема мера со најдобриот свој состав, до победата дојдоа со головите на Тете во 13. минута и Фернандо во 44. минута. „Лавовите“ имаа неколку шанси во второто полувреме но не успеаја да дојдат до посакуваниот погодок…

Се вчитува...