Шахтјор ќе игра ЛШ во Полска, а украинско првенство во Лвов

Украински Шахтјор Донецк наскоро ќе ги почне подготовките за новата сезона, во која тимот ќе игра во Лигата на шампионите, откако стана првак иако првенството беше прекинато во март после руската инвазија над Украина. Украинското првенство сигурно ќе се игра следната сезона, барем такви се најавите од украинската федерација.

Шахтјор ќе биде сместен во полскиот град Лубин, каде ќе се подготвува и ќе тренира за настапите во Лигата на шампионите. Токму во тој град ќе ги игра и мечевите од европската „елита“, а за мечевите во украинскиот шампионат ќе патува во Лвов, кој е блиску до границата со Полска.

Шахтор во моментов е во „реконструкција“ на тимот. Со оглед на инвазијата, многумина играчи заминуваат или најавуваат заминување. Последниот случај е со Давид Нереш, кој пристигна зимоска во Шахтјор, но не одигра ниту еден натпревар, и вчера потпиша за Бенфика.

Нешто слично ќе биде и со останатите клубови кои играат во Европа. Голем дел од нив европските мечеви ќе ги играат надвор од Украина, а многу поместувања ќе има и во украинскиот шампионат, каде ќе се играат мечеви во западниот дел кој е помирен за разлика од истокот каде и натаму се водат жестоки борби.

Се вчитува...